НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ДОДЕЛЕНА ЗА ИСТОРИСКИ ОТКРИТИЈА ЗА ВСЕЛЕНАТА

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ДОДЕЛЕНА ЗА ИСТОРИСКИ ОТКРИТИЈА ЗА ВСЕЛЕНАТАЏејмс Пиблс, Дидје Келоз и Мишел Мајор ќе поделат сума од 918.000 долари

    Тројца научници ќе ја поделат годинашната Нобелова награда за физика за историски откритија за вселената.

    Американецот Џејмс Пиблс од Универзитетот Принстон во Њу Џерси ја добива наградата за неговиот придонес во разбирањето на еволуцијата на универзумот и на местото на Земјата во вселената. Заедно со свои соработници, тој го предвидел постоењето на радијацијата на космички микробранови, која е последица на Големата експлозија.

    Швајцарските астрофизичари Мишел Мајор (77) и Дидје Келоз (53) во 1995 година ја открија првата планета надвор од нашиот Сончев систем, таканаречена егзопланета. Станува збор за гасниот гигант 51 Пегази б, кој кружи околу ѕвезда на оддалеченост од 50 светлосни години.

    Тие ќе поделат сума од девет милиони шведски круни (918.000 долари).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира