НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ПОМОГНАА ДА СЕ РАЗВИЈАТ МРНА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ПОМОГНАА ДА СЕ РАЗВИЈАТ МРНА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19Каталин Карико и Дру Вајсман заедно истражувале на Универзитетот на Пенсилванија (Фото: АП)

    Двајца научници ја делат годинашната Нобелова награда за медицина за нивни откритија кои доведоа до развојот на ефективни мРНА вакцини против ковид-19. Наградата ја добија Каталин Карико, професорка на Универзитетот Саган во Унгарија и Дру Вајсман од Универзитетот на Пенсилванија, каде што двајцата соработувале во истражувањата од почетокот на 1990-ите.

    „Преку нивните револуционерни наоди, кои фундаментално го променија нашето разбирање за тоа како мРНА комуницира со нашиот имунолошки систем, лауреатите придонесоа за невидената стапка на развој на вакцини за време на една од најголемите закани за човековото здравје во модерното време“, кажа панелот што ја додели наградата.

    Оваа технологија беше експериментална пред пандемијата на ковид-19, а сега вакви вакцини им се даваат на милиони луѓе низ светот. Научниците денес се обидуваат да ја применат истата технологија и во лекувањето на други болести, вклучувајќи рак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира