НОМИНАЦИЈАТА НА ТРАМП ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР Е ЛАЖНА

    НОМИНАЦИЈАТА НА ТРАМП ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР Е ЛАЖНАДве години по ред некој се поигрува со Нобеловиот институт. - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Норвешкиот Нобелов институт, кој го избира добитникот на Нобеловата награда за мир, соопшти дека некој искористил туѓ идентитет за да го номинира Доналд Трамп за престижната награда.

    Агенцијата НТБ го цитираше секретарот на Комитетот, Олав Нјолстад, кој кажа дека истото лице е одговорно и за ланската номинација. Тој не го откри неговиот идентитет, но додаде дека норвешката полиција е информирана.

    „Секоја година добиваме многу неважечки номинации, но има и номинации кои не се валидни затоа што тие што номинираат немаат право на тоа. Колку што јас знам, ова е прв случај некој да биде номиниран откако украл нечиј идентитет“, вели Нјолстад.

    Нобеловиот комитет ги крие имињата на номинираните во последните 50 години, но оние што имаат право да номинираат смеат да излезат во јавност со тоа.

    Во јануари беше објавено дека Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за 2018 година, но дека „за тоа недостига силна академска потврда“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари