НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА МЕТЕ-МЕРИТ ПОДЛОЖЕНА НА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БЕЛИ ДРОБОВИ

    НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА МЕТЕ-МЕРИТ ПОДЛОЖЕНА НА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БЕЛИ ДРОБОВИНа сопругата на престолонаследникот принцот Хакон ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза во 2018 (Фото: АП)

    Норвешката принцеза Мете-Мерит беше подложена на успешна трансплантација на бели дробови и сега заздравува од процедурата, објави кралското семејство.

    На 52-годишната сопруга на престолонаследникот принцот Хакон ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза во 2018, хронично заболување кое предизвикува лузни во белите дробови и доведува до намалено внесување кислород.

    „Како и сите нови пациенти со трансплантација, принцезата ќе остане во болницата уште неколку недели“, изјави професорот Аре Холм од Универзитетската болница во Осло.

    Од болницата на 5 јуни соопштија дека Мете-Мерит е ставена на листа за трансплантација поради значително нарушување на здравјето, поради што веројатно би имала само уште една година живот. Принцот Хакон во декември изјави дека семејството забележало промена во состојбата на Мете-Марит и дека таа се мачи со дишењето.

    Мете-Марит имаше 25 години и беше самохрана мајка кога го запознала Хакон на музички фестивал во 1999 година. Нејзиниот син Мариус Борг Хојби неодамна беше осуден на четири години затвор за силување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира