НОРВЕШКИОТ БРОД ПРИСТИГНА ВО ПРИСТАНИШТЕ ПО ДРАМАТИЧНАТА ЕВАКУАЦИЈА НА СТОТИЦИ ПАТНИЦИ

    НОРВЕШКИОТ БРОД ПРИСТИГНА ВО ПРИСТАНИШТЕ ПО ДРАМАТИЧНАТА ЕВАКУАЦИЈА НА СТОТИЦИ ПАТНИЦИМоторите на „Викинг Скај“ беа рестартирани во меѓувреме и пристигна до пристаништето во Молде со помош на бродови за влечење. (Фото: ЕПА)

    Бродот за крстосување кој имаше проблеми близу брегот во Норвешка пристигна во пристаништето во Молде по драматичното спасување на стотици патници. „Викинг Скај“ остана без погон во саботата и испрати сигнал за опасност откако почна да се приближува кон брегот.

    Спасувачите со хеликоптери евакуираа околу 500 од вкупно 1.373 патници од бродот во лоши временски услови. На снимките од внатрешноста на бродот се гледаше како бродот се ниша на немирното море, а мебелот се лизга по подот.

    Моторите на „Викинг Скај“ беа рестартирани во меѓувреме и пристигна до пристаништето во Молде со помош на бродови за влечење. Спасувачите велат дека се подготвени да продолжат со операцијата ако капетанот одлучи дека тоа е потребно.

    Од спасените, 20-мина се со повреди. Најголем дел од патниците се британски и американски државјани, повеќето пензионери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира