НОРВЕШКИОТ КРАЛ ХАРАЛД СО МЕДИЦИНСКИ АВИОН Е ПРЕНЕСЕН ВО ОСЛО ОТКАКО СЕ РАЗБОЛЕ НА ОДМОРОТ ВО МАЛЕЗИЈА

    НОРВЕШКИОТ КРАЛ ХАРАЛД СО МЕДИЦИНСКИ АВИОН Е ПРЕНЕСЕН ВО ОСЛО ОТКАКО СЕ РАЗБОЛЕ НА ОДМОРОТ ВО МАЛЕЗИЈАКралот Харалд, церемонијален шеф на државата на Норвешка од 1991, е најстариот жив монарх во Европа. (Фото: ВГ)

    Норвешкиот крал Харалд денеска беше отпуштен од малезиската болница и со медицински авион за евакуација е пренесен за Осло, откако доби третман за инфекција и привремен пејсмејкер. 87-годишниот крал беше хоспитализиран при приватното патување на туристичкиот остров Лангкави.

    Авионот на САС опремен за превоз на пациенти изутринава полета од аеродромот во Лангкави. Кралицата Соња патува со кралот, кој ќе биде прегледан во болница по неговото враќање во Норвешка, се вели во соопштението на кралското семејство.

    „Кралот ќе биде на боледување две недели. Престолонаследникот принцот Хакон во тој период ќе биде регент и ќе ги преземе уставните должности на кралот“, се вели во соопштението.

    Престолонаследникот Хакон веќе претседаваше во отсуство на неговиот татко.

    Вчера, кралската палата рече дека кралот би можел да дојде дома за неколку дена и дека владата побарала од војската на Норвешка да помогне во патувањето.

    Кралот Харалд, церемонијален шеф на државата на Норвешка од 1991, е најстариот жив монарх во Европа. Тој во последниве години постојано беше хоспитализиран поради инфекции и имаше операција на срцето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира