НОТР ДАМ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ОБНОВЕНА ВНАТРЕШНОСТ ПЕТ ГОДИНИ ПО ПОЖАРОТ

    НОТР ДАМ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ОБНОВЕНА ВНАТРЕШНОСТ ПЕТ ГОДИНИ ПО ПОЖАРОТСе проценува дека вкупната цена на обновата ќе биде 700 милиони евра (Фото: ПА)

    Емануел Макрон прошета низ обновената катедрала Нотр Дам во Париз во присуство на ТВ-камерите, означувајќи го нејзиното отворање пет години откако беше делумно уништена во пожар.

    Заедно со сопругата Брижит и парискиот надбискуп Лоран Улрих, Макрон направи обиколка на внатрешноста на средновековната катедрала, по што одржа говор пред 1.300 занаетчии и градежници, заблагодарувајќи им се за учеството во нејзиното реновирање.

    Нотр Дам официјално ќе биде отворен за јавност на 7 декември (Фото: ЕПА)

    На 15 април 2019, луѓето низ цел свет гледаа во шок како огнот излегува од катедралата, при што уништи најголем дел од дрвено-металниот покрив и урна една кула. Точната причина за пожарот никогаш не се утврди, но истражителите веруваат дека избувнал случајно, од фрлена цигара или од електричен спој.

    Макрон истата вечер вети дека црквата ќе биде целосно обновена за пет години, што беше овозможено од милиони евра во донации и од стотиците вешти мајстори кои користеа стари техники на работа. Се проценува дека вкупната цена на обновата ќе биде 700 милиони евра.

    Нотр Дам официјално ќе биде отворен за јавност на 7 декември. Пред пожарот, околу 12 милиони луѓе годишно ја посетуваа катедралата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира