НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЛОНДОН, КОМБЕ ПРЕГАЗИ ВЕРНИЦИ ШТО ИЗЛЕГУВАЛЕ ОД ЏАМИЈА

    НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЛОНДОН, КОМБЕ ПРЕГАЗИ ВЕРНИЦИ ШТО ИЗЛЕГУВАЛЕ ОД ЏАМИЈААнтитерористичката полиција го истражува инцидентот што се случи нешто по полноќ пред џамија (Фото: Ројтерс)

    Еден загина а повеќемина се повредени откако комбе налета на група луѓе во близина на џамија во Лондон.

    Властите се сомневаат на терористички напад. Антитерористичката полиција го истражува инцидентот во Финсбери парк. Осумммина се пренесени во болница.

    Возачот бил фатен и задржан  од луѓето кои се затекнале на местото на несреќата, а потоа бил предаден на полицијата. Тој бил однесен во болница на преглед, а потоа ќе биде задржан од полицијата, соопштија властите.

    Сведоци раскажуваат дека неколку минути по полноќ, 48 – годишниот возач го свртел комбето кон групата верници што ја напуштале џамијата и прегазил десетина луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира