НОВ ТРЕТМАН СО ПРОТЕИН СПРЕЧУВА ДА СЕ РАЗВИЕ СЕРИОЗНА ФОРМА НА КОВИД-19 КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ

    НОВ ТРЕТМАН СО ПРОТЕИН СПРЕЧУВА ДА СЕ РАЗВИЕ СЕРИОЗНА ФОРМА НА КОВИД-19 КАЈ ПАЦИЕНТИТЕПротеинот се инхалира директно во белите дробови на пациентот со ковид-19 (Фото; Би-Би-Си)

    Нов третман за ковид-19 драматично го намалува бројот на пациенти на кои им треба интензивна нега, покажуваат резултатите од првото клиничко тестирање. Третманот развиен од англиската биотехнолошка компанија „Синегџен“ користи протеин наречен интерферон бета, што телото го произведува кога се бори со вирусни инфекции.

    Протеинот се инхалира директно во белите дробови на пациентот со ковид-19, со надеж дека ќе предизвика имунолошка реакција. Првичните откритија покажуваат дека третманот за 79% ги намалува шансите дека хоспитализираниот пациент ќе развие сериозна форма на болеста.

    „На овој начин, постојат два до три пати повеќе шанси дека пациентот ќе заздрави. Исто така, третманот значително го спречува губењето здив кај пациентите, а престојот во болница го намалува од просечни девет на шест дена“, велат од „Синерџен“.

    Резултатите од тестирањето досега не се објавени во целост, ниту тоа има добиено рецензија во медицинско списание.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира