Нов Зеланд објави дека го запрел внатрешното пренесување на коронавирусот, со што ефективно го елиминирал.
Откако во изминатите денови имаше само неколку нови случаи на зараза, а вчера само еден, премиерката Џесинда Ардерн кажа дека вирусот е практички елиминиран. Сепак, официјални лица предупредија дека тоа не значи тотален крај на појавата на нови случаи.
„Во земјата нема неоткриени случаи на внатрешно пренесување на вирусот. Ја добивме битката, но мора да останеме будни за да остане така“, кажа Ардерн.
Ова уследи откако Нов Зеланд излезе од највисокото ниво на социјални ограничувања. Од утре, еден милион Новозеланѓани повторно ќе се вратат на работа, иако од повеќето луѓе и натаму ќе се бара постојано да седат дома и да избегнуваат социјални интеракции. Дел од училиштата повторно ќе се отворат в среда.
„Ја отвораме економијата, но не го отвораме социјалниот живот на луѓето“, изјави Ардерн.
Благодарение на одличната стратегија на справување со коронавирусот, Нов Зеланд забележа помалку од 1.500 случаи на зараза, а починале 19 луѓе.