НОВ ЗЕЛАНД ЦЕЛОСНО ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ ЗА ПРВПАТ ОД МАРТ 2020

    НОВ ЗЕЛАНД ЦЕЛОСНО ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ ЗА ПРВПАТ ОД МАРТ 2020Од денеска, во земјата повторно можат да влегуваат туристи и студенти со визи (Фото: Гети)

    Границите на Нов Зеланд се целосно отворени за првпат од март 2020, кога беа затворени за да се спречи ширењето на коронавирусот. Од денеска, во земјата повторно можат да влегуваат туристи и студенти со визи, од кои се бара да бидат целосно вакцинирани, но веќе не мора да одат во карантин.

    Повторно се отворени и поморските граници на земјата и дозволено е пристанувањето на странски крузери и јахти.

    Ова е огромен момент, кој е дел од еден внимателен процес“, изјави премиерката Џасинда Ардерн.

    Нов Зеланд постепено почна да ги отвора границите во февруари, кога прво им беше дозволен влез на вакцинираните Австралијци. Во мај почна да прима туристи од повеќе од 50 држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира