Нов силен земјотрес ја погоди јужна Турција, точно две недели по катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа најмалку 47.000 луѓе во Турција и Сирија. Турската агенција за управување со катастрофи и итни ситуации кажа дека земјотресот имал јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала и предизвикал дополнителни штети на згради во Антакија.
Тој се случил на длабочина од два километра, а епицентарот бил близу Антакија во провинцијата Хатај.
Повеќе од 6.000 афтершокови биле регистрирани по земјотресите од 7,8 и 7,5 степени на 6 февруари, но сведоците кажаа дека денешното тресење било далеку посилно од оние во изминатите денови. Земјотресот се почувствувал и во Сирија, Египет и Либан и нејасно е дали предизвикал дополнителни жртви во Турција.