НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА НОВ ЗЕЛАНД Е МАОРКА СО ТЕТОВАЖА НА ЛИЦЕТО

    НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА НОВ ЗЕЛАНД Е МАОРКА СО ТЕТОВАЖА НА ЛИЦЕТОЖените и маорската заедница се силно застапени во новата влада. - Ардерн со министерката Нанаја Махута (Фото: АФП)

    Новозеландската премиерка Џесинда Ардерн го претстави својот нов кабинет, за кој вели дека промовира различности и го вклучува првиот вицепремиер кој отворено се декларира како хомосексуалец.

    Жените и маорската заедница исто така се силно застапени во 20-члениот кабинет, па новата министерка за надворешни работи ќе биде Нанаја Махута, која има традиционална маорска тетоважа на лицето.

    Ардерн, чија партија убедливо победи на неодамнешните парламентарни избори, кажа дека новата, изменета влада ќе се фокусира на одговорот на пандемијата на ковид-19 и на економската обнова.

    „Ова е кабинет кој има големи вредности и талент, но исто така е неверојатно разновиден. Овој тим го одразува Нов Зеланд од кој беше избран“, кажа Ардерн.

    Таа за вицепремиер го назначи Грант Робертсон, но појасни дека тоа се должи на неговите лидерски способности, а не на сексуалната определба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира