НОВАТА ПАРТИЈА ПП ПОБЕДИ НА ТРЕТИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА ГОДИНАВА, БОРИСОВ ВТОР, КАРАКАЧАНОВ ПАДНА НА 1%

    НОВАТА ПАРТИЈА ПП ПОБЕДИ НА ТРЕТИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА ГОДИНАВА, БОРИСОВ ВТОР, КАРАКАЧАНОВ ПАДНА НА 1%ПП беше формирана пред два месеца од двајца министри во привремената влада на Стефан Јанев, Кирил Петков и Асен Василев. (Фото: Фејсбук)

    Третите парламентарни избори во Бугарија годинава донесоа тесна трка меѓу новоформираната партија Ја продолжуваме промената (ПП) и поранешната владејачка партија ГЕРБ, според првичните неофицијални резултати.

    Пак е неизвесно дали ќе може да се формира влада, но овојпат има надеж дека новата партија ПП ќе успее да се договори со дел од останатите партии.

    ПП беше формирана пред два месеца од двајца министри во привремената влада на Стефан Јанев, Кирил Петков и Асен Василев. На денешните избори, според првичните неофицијални резултати, ПП освои 26,1 отсто од гласовите, што би значело 67 пратеници во бугарското Собрание. ГЕРБ на Бојко Борисов засега има 23,5 отсто од гласовите, или 60 пратеници.

    Партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов, која победи на претходните избори, изгуби голем дел од гласовите откако летово не успеа да формира влада. ИТН има 9,5 отсто од гласовите.

    ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов стана ирелевентна партија со околу 1 отсто од гласовите.

    Денеска во Бугарија се одржа и првиот круг од претседателските избори. Актуелниот претседател Румен Радев има 50,1 отсто од гласовите и може да победи уште во првиот круг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира