НОВИ 727 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ ПАК РАСТЕ

    НОВИ 727 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ ПАК РАСТЕИталија го продолжи националниот карантин најмалку до 13 април (Фото: ЕПА)

    Италија пријави најмала бројка мртви од КОВИД-19 во изминатите шест дена, откако во последните 24 часа починале 727 пациенти, дури 110 помалку во споредба со вчера. Само во северниот регион Ломбардија имаа 394 починати.

    Коронавирусот досега однесе 13.155 животи во земјата.

    Во пораст повторно е бројката на новозаразени, па во еден ден се регистрирани 4.782 нови случаи. Во Италија досега има 110.574 заразени со коронавирус, од кои речиси 17.000 се излекувани.

    „Пред нас е сѐ уште долга борба со коронавирусот. Податоците покажуваат дека сме на вистински пат и дека драстичните мерки даваат резултат“, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

    Италија го продолжи националниот карантин најмалку до 13 април, а Германија до 19 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира