НОВИ 756 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, ДОСЕГА НАД 10.000 ИЗЛЕКУВАНИ

    НОВИ 756 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, ДОСЕГА НАД 10.000 ИЗЛЕКУВАНИПрипадници на италијанската армија дезинфицираат ковчези во црква во Сериате (Фото: Шатерсток)

    Во Италија во последните 24 часа починале 756 луѓе од КОВИД-19, што е најмала бројка во изминатите три дена и дури 133 помалку во споредба со вчера.

    Со тоа, вкупната бројка починати во земјата порасна на 10.779.

    Во Италија се потврдени и 5.217 нови случаи на коронавирус, што исто така е значително помалку во однос на вчера. Италија се ближи кон бројката од 100.000 заразени откако почна кризата и досега ги има 97.689.

    „Очекуваме врвот на заразата да го достигнеме за една недела, најмногу десет дена“, кажа заменик министерот за здравство Пјерпаоло Силери.

    Италијанските здравствени власти објавија дека досега се излекувани 13.030 луѓе, од кои 646 се нови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира