НОВИ НАПАДИ НА САД И ИРАН ВО ЗАЛИВОТ, ЛАНСИРАНИ ПРОЕКТИЛИ КОН КУВАЈТ И БАХРЕИН

    НОВИ НАПАДИ НА САД И ИРАН ВО ЗАЛИВОТ, ЛАНСИРАНИ ПРОЕКТИЛИ КОН КУВАЈТ И БАХРЕИНТрамп кажа дека Иранците сè уште располагаат со околу една петина од нивните ракети (Фото: ДПА)

    Американските сили погодиле ирански крајбрежни радари откако собориле четири ирански дрона лансирани кон Ормускиот Теснец. Централната команда на американската војска објави дека дроновите претставувале опасност за регионалниот морски сообраќај, по што биле нападнати и ирански места за надзор во Горук и на островот Кешм.

    Иран возвратил со лансирање проектили кон американски воени бази во Кувајт и Бахреин, но според САД, шест од нив биле пресретнати, а еден не стигнал до целта.

    Ова следува неколку дена по најжестоката размена на напади од прогласувањето на примирјето помеѓу САД и Иран, кога во Кувајт загина едно лице, а над 60 беа повредени. За тоа време, преговорите помеѓу Вашингтон и Техеран се во застој и нема напредок во постигнувањето договор за траен крај на војната.

    Мохсен Резаи, советник на врховниот водач на Иран, вчера изјави дека мировниот договор зависи од ослободувањето на замрзнатите 24 милијарди долари ирански средства и предупреди дека САД ќе „влезат во мрачен коридор ако продолжат со нападите“.

    Трамп кажа дека иако поголемиот дел од иранските капацитети за производство на дронови и ракети се уништени, Иранците сè уште располагаат со околу една петина од нивните ракети.

    „Тие имаат некои ракети, некои беспилотни летала. Би рекол можеби 21%-22% од нивните ракети. Тоа се многу ракети, но не е она што беше кога првпат нападнавме“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира