НОВИ НАСИЛСТВА ВО КАЗАХСТАН ОТКАКО РУСКИТЕ ТРУПИ ВЛЕГОА ДА ГО ЗАДУШАТ ВОСТАНИЕТО

    НОВИ НАСИЛСТВА ВО КАЗАХСТАН ОТКАКО РУСКИТЕ ТРУПИ ВЛЕГОА ДА ГО ЗАДУШАТ ВОСТАНИЕТОВостанието е поттикнатo од двојното поскапување на течниот гас, но нема дефиниран лидер на протестите. (Фото: АП)

    Нови насилства букнаа денеска во најголемиот град во Казахстан, Алма Ата, откако пристигнаа руски војници за да помогнат да се задуши востанието низ земјата која е блиска сојузничка на Москва. Полицијата во Алма Ата кажа дека десетина демонстранти се убиени, а загинаа и 13 полицајци меѓу кои еден е обезглавен. Уапсени се 2.000 луѓе.

    Интернетот е прекинат низ цела земја, а уште не е позната ниту целосната димензија на востанието поттикнатo од двојното поскапување на течниот гас, ниту пак има дефиниран лидер на протестите.

    По ноќните конфронтации меѓу полицијата и демонстрантите на улиците, запалени беа резиденцијата на претседателот и градското собрание, а улиците се полни со запалени коли. Војската ја презеде контролата врз главниот аеродром, но борбите продолжија на главниот плоштад во Алма Ата кој беше заземен од демонстрантите во текот на денот.

    Претседателот Касим-Жомарт Токаев ги повика на помош руските трупи како дел од воената алијанса на екссоветските земји на чело со Русија. Тој за нередите ги обвини „терористите обучени од странство“, без да објасни кои се тие.

    Русија се коцка со тоа што веднаш испрати трупи за со воена помош да ги обезбеди интересите во централноазиската земја богата со нафта и ураниум, и за да брзо се запре најсилното насилство во овие 30 години независност на Казахстан.

    Се слушаа експлозии и рафали додека напредуваа воените возила и бројна војска. Руската агенција ТАСС цитира очевидци кои велат дека има ранети и загинати во пукотниците. Кога се стемни запреа и пукотницит

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира