НОВИ ТЕСТОВИ ПОКАЖАА ДЕКА АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ БИЛ ОТРУЕН, ОБЈАВИ НЕГОВАТА ВДОВИЦА

    НОВИ ТЕСТОВИ ПОКАЖАА ДЕКА АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ БИЛ ОТРУЕН, ОБЈАВИ НЕГОВАТА ВДОВИЦАНавални ненадејно почина на 16 февруари 2024 во руска затворска колонија (Фото: АП)

    Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, изјави дека лабораториските тестирања на биолошките примероци земени од нејзиниот сопруг покажале дека тој бил отруен.

    Навални имаше 47 години кога ненадејно почина на 16 февруари 2024 во руска затворска колонија, со што руската опозиција остана без својот харизматичен и популарен лидер. Навалнаја постојано ја обвинуваше Русија дека го убила нејзиниот сопруг, што Кремљ го негираше.

    Таа објави видео на Икс, во кое вели дека биолошки примероци од Навални биле прошверцувани во странство минатата година, при што две лаборатории го испитале материјалот.

    „Тие лаборатории во две различни држави дојдоа до ист заклучок: Алексеј бил убиен. Поточно, тој бил отруен“, вели Навалнаја.

    Таа побара од лабораториите да ги објават своите наоди, не откривајќи какви отрови биле пронајдени.

    Минатата година, Навалнаја го отфрли тврдењето на руските истражители дека Навални починал од „комбинација од болести“. Американските разузнавачи утврдиле дека Владимир Путин не наредил Навални да биде убиен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира