НОВИНАРИТЕ МАРИЈА РЕСА И ДМИТРИ МУРАТОВ ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР

    НОВИНАРИТЕ МАРИЈА РЕСА И ДМИТРИ МУРАТОВ ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИРРеса и Муратов се меѓу водечките независни новинари во Филипини и Русија (Фото: АФП)

    Новинарите Марија Реса и Дмитри Муратов се добитници на Нобеловата награда за мир за нивната храбра борба за слобода на изразување во Филипини и Русија.

    Нобеловиот комитет ја опиша двојката како „претставници на сите новинари кои се борат за овој идеал во светот во кој демократијата и слободата на медиумите се соочуваат со значително влошување на условите“. Тие биле избрани меѓу 329 кандидати.

    „Слободно и независно новинарство засновано на факти служи за заштита од злоупотреба на власта, лаги и воена пропаганда. Без слободата на изразувањето и слободата на медиумите ќе биде тешко да се промовираат братство помеѓу народите, разоружување и подобар светски поредок“, изјави претседателот на Норвешкиот Нобелов комитет Берит Рајс-Андерсен.

    Реса е еден од основачите на сајтот „Раплер“, кој жестоко ги критикуваше режимот на претседателот Дутерте и неговата контроверзна војна против дрогите. Муратов бил меѓу новинарите кои во 1993 година го покренаа независниот весник „Новаја газета“.

    „‘Новаја газета‘ е најнезависниот весник во Русија денес и е важен извор на информации за цензурираните аспекти на руското општество кои ретко се споменуваат во руските медиуми“, соопшти Нобеловиот комитет.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, му честиташе на Муратов за наградата, опишувајќи го како талентирана и храбра личност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира