НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ПАРЛАМЕНТ ПОЧНУВА СО РАБОТА ЗА ПРВПАТ СО АФД КАКО НАЈСИЛНА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА

    НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ПАРЛАМЕНТ ПОЧНУВА СО РАБОТА ЗА ПРВПАТ СО АФД КАКО НАЈСИЛНА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈААфД го удвои бројот на своите мандати и сега ги има 152 (Фото: АП)

    Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) првпат ќе биде најсилната опозициска партија во германскиот парламент, чиј нов состав денеска почнува со работа, еден месец по вонредните избори. Во новиот парламент има 630 пратеници, од кои 230 се новоизбрани, а АфД го удвои бројот на своите мандати и сега ги има 152.

    Пратениците се на возраст од 23 до 84 години. Најмладиот е студентот Лук Хос, член на партијата Левица (Линке), кој вети дека ќе донира најголем дел од својата месечна плата од 11.000 евра. Најстариот пратеник доаѓа од АфД, поранешниот новинар Александер Гауланд.

    Во новиот парламент има стотина пратеници помалку од досега, откако владата во заминување го реформираше германскиот изборен закон.

    Пратениците со странско потекло се послабо застапени: само 11,6% од членовите на парламентот имаат барем еден родител кој немал германско државјанство од раѓање, иако нивниот удел во вкупното население е околу 30%.

    И новиот парламент е одраз на привилегираното малцинство, кое не ги претставува адекватно жените, работниците, младите, Германците од истокот и луѓето со мигрантско потекло“, изјави 24-годишната пратеничка на Левица, Зада Салиховиќ.

    За нова претседателка на парламентот е предложена Јулија Клекнер од конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ, чиј лидер Фридрих Мерц ги продолжува преговорите со Социјалдемократите за формирање владејачка коалиција. Тој се надева дека Германија ќе добие нова влада до Велигден во втората половина на април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира