НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР МОЏТАБА ХАМНЕИ НАЈАВИ ОДМАЗДА ЗА УБИСТВОТО НА НЕГОВИОТ ТАТКО

    НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР МОЏТАБА ХАМНЕИ НАЈАВИ ОДМАЗДА ЗА УБИСТВОТО НА НЕГОВИОТ ТАТКОСе верува Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот во февруари кога од страна на Израел и САД беа убиени неговиот татко, мајка и сопруга. (Фото: ИРНА)

    Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, изјави дека мора да се изврши одмазда за убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, извршено од страна на Соединетите Американски Држави и Израел.

    Во соопштението објавено преку државната новинска агенција Фарс се наведува дека одмаздата е барање на целата нација и дека таа сигурно ќе се реализира. Во пораката упатена директно до починатиот лидер се дава ветување за одмазда на неговата крв и крвта на сите маченици од двете војни, додека за одговорните убијци се вели дека желбата за мирна смрт во старост во своите кревети ќе ја однесат со себе во гроб. Според соопштението, исполнувањето на ова ветување ќе се случи наскоро и ова прашање не зависи од моменталното постоење на новиот лидер или на другите државни функционери.

    Ова предупредување од Техеран доаѓа само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп упати закана дека целосно ќе го уништи Иран доколку оваа земја се обиде да го убие. Претходно, израелските разузнавачки оперативци ја информираа администрацијата на Трамп за наводни закани за атентат врз американскиот лидер. Според израелски извор и еден американски функционер, ваквите закани одразуваат желба кај одредени тврдокорни фракции во раководството на Техеран. Сепак, два воени извори од САД запознаени со ситуацијата велат дека последните разузнавачки проценки не покажуваат индиции за нов, специфичен ирански заговор за убиство на Трамп, туку повеќе станува збор за континуирани разговори и желби меѓу различни ирански актери.

    Новиот врховен водач сè уште нема остварено јавно појавување од неговото назначување на функцијата. Се верува дека тој бил ранет во нападот во февруари кога од страна на Израел и САД беа убиени неговиот татко, мајка и сопруга. Оттогаш тој се наоѓа во илегалност и со своите поддржувачи комуницира исклучиво преку писмени соопштенија, без притоа да го покаже своето лице или да го употреби својот глас. Саботната порака е една од ретките што се објавени во јавноста по стапувањето на Хаменеи на позицијата врховен лидер на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира