Транзицискиот тим на Доналд Трамп го објави официјалниот портрет на новоизбраниот американски претседател во пресрет на неговата инаугурација на 20 јануари.
Наспроти портретот од 2017 од првиот мандат, каде што е со широка насмевка, Трамп овојпат е претставен со сериозен изглед на лицето.
Многумина го споредија новиот портрет со фотографијата на Трамп снимена при неговото апсење во 2023 во затворот во Атланта. Трамп тогаш беше обвинет за обидот да ја поништи изборната победа на Џо Бајден во сојузната држава Џорџија во 2020. Трамп подоцна ја користеше оваа, сега веќе славна фотографија за да собира средства за својата кампања.
Првиот претседателски портрет на Трамп беше објавен дури девет месеци откако стапи на функција.