НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ БИ МОЖЕЛ ПОВЕЌЕ ДА ЗАРАЗУВА ДЕЦА, ВЕЛАТ БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ

    НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ БИ МОЖЕЛ ПОВЕЌЕ ДА ЗАРАЗУВА ДЕЦА, ВЕЛАТ БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЦИПремиерот Џонсон се наоѓа под притисок да прогласи национален карантин (Фото: Ројтерс)

    Новиот сој на коронавирусот што забрзано се шири низ Велика Британија носи мутации што децата ги прави подложни на зараза исто како возрасните, спротивно на претходните варијанти, велат научниците.

    Научниците кои ја советуваат британската влада велат дека новата мутација брзо станала доминантен сој на југот на Британија, што наскоро би можело да биде случај и во целата земја.

    „Сега сме убедени дека овој нов сој има предност во пренесувањето во однос на останатите варијанти што постојат во Велика Британија. Има назнаки дека тој има повисока тенденција да заразува деца. Ќе ни требаат повеќе податоци за да видиме како понатаму ќе се однесува“, изјави Нил Фергусон, епидемиолог од Империјалниот колеџ во Лондон.

    Појавата на новиот сој, за кој експертите велат дека е 70% попренослив од оригиналниот вирус, натера голем број држави од Европа и светот да ги забранат летовите од Велика Британија, а Франција целосно ја затвори границата кон неа.

    Истовремено, премиерот Борис Џонсон се наоѓа под притисок да прогласи национален карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Тој викендов воведе рестриктивни мерки од најстрог тип само во југоисточна Англија, што го вклучува и Лондон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира