НОВОЗЕЛАНДСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИ СЛЕДБЕНИК НА ИСИС КОЈ ИЗБОДЕ ШЕСТ ЛУЃЕ ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ОКЛЕНД

    НОВОЗЕЛАНДСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИ СЛЕДБЕНИК НА ИСИС КОЈ ИЗБОДЕ ШЕСТ ЛУЃЕ ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ОКЛЕНДВласта го опиша нападот како терористички (Фото: АП)

    Новозеландската полиција уби „насилен екстремист“ откако тој со нож рани шест луѓе во супермаркет во Окленд. Премиерката Џесинда Ардерн го опиша нападот како терористички, а го извршил државјанин на Шри Ланка, кој бил под полициски надзор.

    Ардерн кажа дека напаѓачот бил инспириран од Исламска држава.

    „Полицијата брзо реагираше и го уби напаѓачот 60 секунди по почетокот на нападот. Тој беше извршен од поединец, не од вера“, изјави Ардерн.

    Според очевидците, напаѓачот зел голем нож од полиците во супермаркетот, по што почнал да боде луѓе наоколу.

    Ардерн изјави дека тој пристигнал во Нов Зеланд во 2011 година и во 2016 станал личност од интерес на националната безбедност.

    „Тој постојано бил набљудуван поради грижите за неговата идеологија. Бил познат на повеќе агенции, но досега немало причини да биде притворен“, кажа Ардерн.

    Властите се убедени дека тој дејствувал сам и дека веќе нема опасност по заедницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира