НОВОЗЕЛАНЃАНИТЕ ОД РАНО УТРО ЗАСТАНАА ВО РЕДИЦИ ЗА ХАМБУРГЕР И КАФЕ ОТКАКО ПО ЕДЕН МЕСЕЦ ИЗЛЕГОА ОД СТРОГ КАРАНТИН

    НОВОЗЕЛАНЃАНИТЕ ОД РАНО УТРО ЗАСТАНАА ВО РЕДИЦИ ЗА ХАМБУРГЕР И КАФЕ ОТКАКО ПО ЕДЕН МЕСЕЦ ИЗЛЕГОА ОД СТРОГ КАРАНТИНДолги редици на автомобили можеа да се видат пред рестораните на „Мекдоналдс“ во Окленд и Велингтон уште во рано утро (Фото: Ројтерс)

    Новозеланѓаните од рано утро застанаа во редици за хамбургер и кафе откако земјата по повеќе од еден месец излезе од највисокиот степен на карантин, што им овозможи на стотици илјади луѓе да се вратат на работа.

    Ова уследи откако премиерката Џесинда Ардерн објави дека земјата го елиминирала коронавирусот, поради што беше донесена одлука за олеснување на некои од најрестриктивните мерки, па повторно беше дозволено отворање на низа несуштински бизниси и активности.

    „Тешко е да се објасни колку е вкусно ова“, напиша парламентарецот Кристофер Бишоп на Твитер, објавувајќи фотографија како држи чаша кафе.

    Долги редици на автомобили можеа да се видат пред рестораните на „Мекдоналдс“ во Окленд и Велингтон од рано утро, откако луѓето по долго време повторно можеа да го почувствуваат нормалниот живот.

    „Купивме и повеќе отколку што можеме да изедеме“, изјави еден жител на Окленд, кој стигнал пред „Мекдоналдс“ уште во четири часот.

    Петте милиони жители на Нов Зеланд беа ставени во строг карантин на 26 март, иако земјата тогаш имаше само стотина случаи на коронавирус. Оттогаш, во Нов Зеланд починаа само 19 луѓе од КОВИД-19, а во неделата беше регистриран само еден нов случај на зараза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира