ЊУЈОРШКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ МАЖ КОЈ САКАЛ ДА ЗАПАЛИ КАТЕДРАЛА НА МЕНХЕТН СО ДВЕ КАНТИ БЕНЗИН

    ЊУЈОРШКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ МАЖ КОЈ САКАЛ ДА ЗАПАЛИ КАТЕДРАЛА НА МЕНХЕТН СО ДВЕ КАНТИ БЕНЗИНКатедралата Сент Патрик од 19. век е едно од обележјата на Менхетн (Фото: АП)

    Њујоршката полиција објави дека уапсила маж кој влегол во катедралата Сент Патрик со две канти полни со бензин.

    Инцидентот се случил синоќа, кога 37-годишниот маж влегол во црквата на Менхетн и почнал да истура бензин по подот, кога бил сопрен од чуварите, а потоа и приведен од полицијата.

    „Сомнително е што овој инцидент се случи само два дена откако голем пожар ја уништи катедралата Нотр Дам. Тој влезе во црквата носејќи 15 литри бензин, две шишиња друга течност и запалки и тоа е нешто што многу треба да нè загрижи“, изјави заменик командирот на њујоршката полиција Џон Милер, додавајќи дека е рано да се каже дали мотивот е тероризам.

    Уапсениот маж ѝ рекол на полицијата дека неговото возило останало без бензин, па затоа влегол во катедралата со канти.

    „Засега не ја знаеме неговата ментална состојба“, кажа Милер.

    Во САД во последно време беа запалени три афроамерикански цркви, за што е уапсен еден 21-годишник.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари