НУКЛЕАРКАТА ЧЕРНОБИЛ МЕЃУ ПОГОДЕНИТЕ ОД ГЛОБАЛНИОТ ХАКЕРСКИ НАПАД

    НУКЛЕАРКАТА ЧЕРНОБИЛ МЕЃУ ПОГОДЕНИТЕ ОД ГЛОБАЛНИОТ ХАКЕРСКИ НАПАДПораката што се појавува на заразените компјутери во денешниот масивен хакерски напад. (Фото: Би-Би-Си/скриншот)

    Компании насекаде во светот пријавуваат дека се погодени од масивен хакерски напад. Британската рекламна агенција ВПП е една од десетиците компании кои што пријавуваат проблеми.

    Украински фирми, вклучувајки ги државната компанија за електрична енергија и главниот аеродром во Киев први пријавија проблеми. Нуклеарната централа Чернобил, исто така, мораше рачно да го мери нивото на радијација, откако сензорите на Виндоус се исклучиле.

    Експерти сугерираат дека може да е рансомвер напад, сличен како „Вонакрај“, кој што се случи претходниот месец.
    „Изгледа дека е варијанта на дел од рансомверот што се појави минатата година. Беше апдејтуван на почетокот на 2017 година од криминалците откако некои негови аспекти беа компромитирани.Рансомверот беше наречен Петја, а апдејтуваната верзија Петреп“, вели компјутерскиот научник Ален Вудворд.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира