НУКЛЕАРНИТЕ РАЗГОВОРИ СО САД СЕ БЕЗНАЧАЈНИ ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ, ВЕЛИ ИРАН

    НУКЛЕАРНИТЕ РАЗГОВОРИ СО САД СЕ БЕЗНАЧАЈНИ ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ, ВЕЛИ ИРАНСателитска снимка од иранската нуклеарна постројка во Натанз, која беше погодена во првиот бран израелски напади (Фото: Планет лабс)

    Иран кажа дека разговорите со САД за иранската нуклеарна програма станале безначајни откако Израел вчера почна со воздушни напади, чија мета се и нуклеарни постројки. Шестата рунда разговори е закажана за утре во Мускат (Оман), но Иран вели дека сѐ уште не решил дали ќе испрати претставници.

    Другата страна, САД, делуваше на начин што ги прави разговорите безначајни. Не можете да тврдите дека преговарате, а во исто време му дозволувате на ционистичкиот режим да ја напаѓа иранската територија“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Есмаеил Багеи.

    Тој кажа дека Израел успеал да влијае врз дипломатскиот процес и дека израелскиот напад немаше да се случи без дозвола од Вашингтон. Иран претходно ја обвини Америка дека е соучесник во израелските напади, што беше отфрлено од Вашингтон.

    Иран тврди дека збогатува ураниум само за цивилни цели, а не заради производство на атомско оружје.

    Доналд Трамп вчера кажа дека на Иран му биле дадени премногу шанси да склучи договор и дека сакал да го поштеди од смрт и понижување.

    Му дадовме на Иран 60 дена да прифати договор и тоа време истече без негово склучување. Знаевме дека ќе дојде до ова. Не сум сигурен дали Иран сѐ уште има нуклеарна програма по израелските напади. Тоа беа многу уништувачки удари“, кажа Трамп, додавајќи дека нуклеарните разговори со Иран сѐ уште не се мртви.

    Запрашан дали САД ќе го поддржат Израел во случај на ирански противнапад, Трамп кажа:

    Ние го поддржуваме Израел. Ние сме неговиот сојузник број еден. Ќе видиме што ќе се случи“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира