НУТРИИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС НА ДВЕ ФАРМИ ВО ХОЛАНДИЈА

    НУТРИИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС НА ДВЕ ФАРМИ ВО ХОЛАНДИЈАФармите се затворени откако животните веројатно се заразиле од некој од вработените (Фото: АФП)

    Две фарми за нутрии во јужна Холандија се ставени во карантин откако било утврдено дека неколку од овие животни се заразени со коронавирус, објави тамошното министерство за земјоделство и ги повика луѓето да пријавуваат случаи на зараза кај животни.

    Заразените нутрии биле тестирани зашто имале проблеми со дишењето и се верува дека вирусот им го пренесол некој од вработените.

    „Минимални се шансите животните да го пренесат вирусот врз луѓе или врз други животни на фармите“, кажаа од министерството.

    Ова се први случаи на животни заразени со коронавирус во Холандија, кој досега низ светот бил потврден главно кај домашни миленици, но и кај тигри и лавови во зоолошката градина во Бронкс, Њујорк.

    Нутрии се одгледуваат поради нивното крзно, кое се продава во Кина, Кореја, Грција и Турција. Сите фарми за нутрии во Холандија треба да бидат затворени до 2024 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира