ОБАМА ИЗБРКА 35 РУСКИ ШПИОНИ ОД САД ПОРАДИ САЈБЕРНАПАДИТЕ ПРЕД ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"САД,(Њујорктајмс)

    ОБАМА ИЗБРКА 35 РУСКИ ШПИОНИ ОД САД ПОРАДИ САЈБЕРНАПАДИТЕ ПРЕД ИЗБОРИТЕ

    Администрацијата на Обама ѝ возврати на Русија за обидите да влијае врз изборите во САД годинава, и избрка 35 руски разузнавачки оперативци од САД и воведе санкции на двете водечки руски разузнавачки служби, меѓу кои и четворица високи офицери на единицата за военото разузнавање, за која Белата куќа верува дека ги наредила нападите врз Демократскиот национален комитет (ДНК) и други политички организации.

    Во налетот најави, се очекува САД да објави и докази за поврзаноста на сајбернападите со компјутерските системи на руското разузавање. Заедно, овие акции ќе значат досега најсилен американски одговор кон државно спонзорирани сајбернапади чија цел е САД.

    Санкциите имаат за цел да го вклештат и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Тој постојано истакнува дека не верува оти руската влада стои зад нападите врз ДНК или други политички институции, вели дека не треба да им се верува на американските разузнавачки агенции и рече дека хакирањето може да е дело на „човекот од 400 кила“ што лежи во неговиот кревет.

    Сега Трамп ќе треба да реши дали ќе ги повлече санкциите кога следниот месец ќе стапи на функција, иако има и републикаци во Конгресот кои бараат бараат јавна истрага за акциите на Русија. Ако Трамп ги повлече санкциите, тоа ќе значи дека ќе треба да ги одбие наодите на неговите државни разузнавачки агенци.

    Администрацијата на Обама планира во следниве 3 недели да објави и детален заеднички извештај на ФБИ и Министерството за внатрешни работи, кој делумно се заснова врз информациите од Националната агенција за безбедност.

    И покрај фанфарите и политичките реперкусии околу најавата, не е јасно колку навистина ќе имаат ефект санкциите, иако ќе бидат поголеми од скромните санкции за Северна Кореја поради нивниот напад врз „Сони пикчерс ентретеинмент“ пред две години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира