ОБАМА НАРЕДИ ИСТРАГА ЗА ХАКЕРСКИТЕ НАПАДИ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Вашингтон,(ДПА)

    ОБАМА НАРЕДИ ИСТРАГА ЗА ХАКЕРСКИТЕ НАПАДИ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИТЕ

    Американскиот претседател Барак Обама нареди ревизија на разузнавачките информации за „злонамерни сајбер активности“ за време на американските претседателски избори, соопшти Бела куќа.

    Американските власти претходно годинава ги припишаа хакерските напади против функционери на Демократската партија на Москва и грижите за обидите на Русија на да влијае на изборите продолжија да раснат.

     

    Ревизијата треба да биде презентирана до крајот на мандатот на Обама на 20 јануари и ќе се испитуваат инцидентите со хакирање, ќе се направи проценка на американските капацитети и ќе се донесе заклучок какви поуки можат да се извлечат, кажа портпаролот Ерик Шулц.

    Ќе бидат разгледани изборите во ноември, но и претседателските избори во 2008 и 2012 година.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира