Од фотографијата на Доналд Трамп во затвор во Џорџија досега се собрани околу 7,1 милиони долари, соопштија од изборниот штаб за неговата претседателската кампања.
Најголем дел од парите се од продажба на шолји, маици и термоси со фотографијата на Трамп од затворот во Аризона, Џорџија.
Трамп во четвртокот се предаде во затворот во Џорџија, но поради претходниот договор на неговите адвокати со судските власти, беше ослободен со кауција од 200.000 долари.
Поранешниот претседател, кој се кандидира за уште еден мандат, ги отфрли обвинувањата и тврди дека судските случаи против него се политички мотивирани бидејќи тој ја води трката за републиканска номинација и има реална можност за реванш со актуелниот претседател Џо Бајден