ОД ПТИЧЈИ ГРИП УГИНАА 20 РИСОВИ, ПУМИ И ТИГАР ВО РЕЗЕРВАТ ВО САД

    ОД ПТИЧЈИ ГРИП УГИНАА 20 РИСОВИ, ПУМИ И ТИГАР ВО РЕЗЕРВАТ ВО САДМачките се особено ранливи на овој вирус, кој може да предизвика суптилни првични симптоми, но брзо напредува, што често резултира со смрт во рок од 24 часа поради состојби слични на пневмонија, соопшти резерватот. (Фото: Гети)

    Дваесет големи мачки – меѓу кои и бенгалски тигар и четири пуми – угинаа од птичји грип во текот на изминатите неколку недели во резерват за животни во државата Вашингтон, САД.

    Смртоносната вирусна инфекција, која ја носат дивите птици, се шири првенствено преку респираторните секрети и контактот од птица со птица, а може да се зарази и од цицачи кои јадат птици или друга храна. Резерватот е под карантин и е затворен за јавноста за да се спречи ширењето на вирусот.

    Животните угинале помеѓу крајот на ноември и средината на декември, изјави директорот на резерватот Марк Метјус.

    „Никогаш не сме имале нешто слично, тие обично умираат од старост. Не вакво нешто, тоа е прилично опак вирус“, рече тој.

    Птичјиот грип продолжува да се шири меѓу говедата и живината во САД, а сериозно се заразил најмалку еден човек.

    Резерватот соопшти дека меѓу другото изгубиле пет африкански рисови, четири црвени рисови, два канадски риса и еден бенгалски тигар. Во резерватот сега останаа само 17 мачки.

    „Мачките се особено ранливи на овој вирус, кој може да предизвика суптилни првични симптоми, но брзо напредува, што често резултира со смрт во рок од 24 часа поради состојби слични на пневмонија“, соопшти резерватот.

    Птичјиот грип долго време ја заразува живината во САД. Но, вирусот почна да заразува добиток во САД за првпат во март. Од април 2024, имало вкупно 61 човечки случај на птичји грип пријавен во САД, според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој вели дека ризикот за пошироката јавност останува низок и нема одржлив пренос од човек на човек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира