ОД ЗАТВОР ИСЧЕЗНА НАЈОЗЛОГЛАСЕНИОТ ЕКВАДОРСКИ ЛИДЕР НА БАНДА ФИТО

    ОД ЗАТВОР ИСЧЕЗНА НАЈОЗЛОГЛАСЕНИОТ ЕКВАДОРСКИ ЛИДЕР НА БАНДА ФИТОАдолфо Мекиас Виламар, попознат како Фито, е водач на моќната банда Лос Чонерос. (Фото: Ројтерс)

    Стотици полицајци во Еквадор трагаат по осудениот водач на банда кој исчезнал од неговата затворска ќелија. Адолфо Мекиас Виламар, попознат како Фито, е водач на Лос Чонерос, моќна банда за која се смета дека стоеше зад некои од смртоносните немири во затворите во последните месеци. Тој беше во крило на затворот во Гвајакил со максимална безбедност. Полицијата соопшти дека го забележала неговото отсуство рано утрово и дека не можела да го најде никаде во затворското крило.

    Фито е озлогласен криминалец, осомничен дека одигра улога во атентатот врз кандидатот за претседател Фернандо Вилависенсио минатата година, на кого му испрати смртни закани. Тој честопати им се спротивставува на властите, а неодамна и со објавување на „Наркокоридо“, музичко видео што ги слави неговите криминални дела, кое делумно е снимено во затворот. На видеото се прикажани дуото Маријачи Браво како пее заедно со ќерката на Фито, позната како кралица Мишел, и го фалат „човекот на честа“, како што велат дека е криминалецот.

    „Ти симнувам капа, Фито, татко мој“, потпевнува ќерка му, тврдејќи дека „низ неговите вени тече добра крв“. На видеото се гледа како Фито милува боречки петел и слободно разговара со затворениците. Фактот дека видеото можело да се снима зад решетки сугерира дека забраната за електронски уреди во затворот била прекршена.

    Денеска сè уште не беше јасно дали Фито успеал да го напушти затворскиот комплекс во пристанишниот град или можеби се крие некаде внатре. Полициски командант рече дека „ниту можел да потврди, ниту да негира“ бегство, ниту можел да каже колку долго осуденикот бил исчезнат. Тој рече дека стотици полицајци го пребаруваат затворот Ла Регионал во Гвајакил, каде што бил затворен.

    Затворот Ла Регионал се наоѓа во голем затворски комплекс во кој се сместени вкупно пет казнено-поправни установи и повеќе од 12.000 затвореници. Фито помина голем дел од неговите изминати 12 години зад решетки во Ла Регионал. Во август, беше накратко префрлен во Ла Рока, помал затвор во истиот комплекс, кој поради момалиот број затвореници се смета за побезбеден. Илјадници војници го преселија Фито, чија банда Лос Чонерос контролира голем дел од затворскиот комплекс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира