ОДБРАНБЕНИ РАКЕТНИ СИСТЕМИ ПОСТАВЕНИ НА ПОКРИВИ НА ЗГРАДИ ВО МОСКВА

    ОДБРАНБЕНИ РАКЕТНИ СИСТЕМИ ПОСТАВЕНИ НА ПОКРИВИ НА ЗГРАДИ ВО МОСКВАРакетен систем „панцир“ на врвот на зградата на руското министерство за одбрана (Фото: Твитер)

    Ракетни системи чија цел е да пресретнуваат авиони и проектили се појавија на неколку административни згради во центарот на Москва, што навестува дека Кремљ се подготвува за можен директен напад на руската престолнина.

    Фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваат ракетен систем „панцир“ поставен на покривот на осумкатна зграда што ја користи министерството за одбрана. Друго видео покажува противвоздушен систем на покривот на образовна зграда во московската населба Таганка, неколку километри југоисточно од Кремљ.

    Системите со краток до среден дострел се користат за одбрана од авиони, хеликоптери и крстосувачки ракети. Руската војска кажа дека тие би можеле да се користат и против помали мети, како дронови, кои станаа значајно напаѓачко оружје во војната во Украина.

    Руските власти не го потврдија поставувањето на ракетните системи во Москва, но неколку руски медиуми известија за распоредувањето на ракетните системи со долг дострел „С-400“ во Москва во изминатите недели. „С-400“ и „панцир-С1“ најчесто се употребуваат во тандем.

    Украинските власти неодамна кажаа дека почнале да тестираат дронови кои можат да патуваат до 1.000 километри, со што и Москва би можела да биде мета. Украина претходно не потврди дека стои зад експлозиите во воените бази на Крим и во неколку воздушни бази длабоко на руската територија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира