ОДЛОЖЕНО ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА ОТКАКО ХАМАС НЕ ДОСТАВИ ЛИСТА НА ЗАЛОЖНИЦИ КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ

    ОДЛОЖЕНО ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА ОТКАКО ХАМАС НЕ ДОСТАВИ ЛИСТА НА ЗАЛОЖНИЦИ КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИИзраелскиот премиер Нетанијаху кажа дека Израел не добил листа на заложници кои треба да бидат ослободени. (архивска фотографија)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху кажа утринава дека примирјето во Газа нема да почне додека Израел не добие листа на заложници кои ќе бидат ослободени од Хамас.

    Израелскиот премиер го повтори предупредувањето во соопштение објавено еден час пред да почне закажаното примирје во 8.30 часот по локално време.

    Хамас вели дека одложувањето на предавањето на листата со имиња е поради технички причини. Оттаму додаваат дека се остануваат посветени на договорот за примирје постигнат минатата недела.

    Се очекуваше Хамас денеска да ослободи тројца заложници во замена за Палестинци кои се во израелските затвори во првата фаза од примирјето.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира