ОГНОМЕТ ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР НА СВАДБА ВО ИРАК, ПОВЕЌЕ ОД 100 МРТВИ

    ОГНОМЕТ ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР НА СВАДБА ВО ИРАК, ПОВЕЌЕ ОД 100 МРТВИОчевидците кажаа дека на прославата имало стотици луѓе (Фото: АП)

    Повеќе од 100 луѓе загинаа, а 150 се повредени откако избувнал пожар на свадбена церемонија во централен Ирак. Одделот за здравство на провинцијата Ниневех соопшти дека бројот на загинати засега е 114, а меѓу нив се и невестата и младоженецот.

    Многумина од повредените имаат изгореници или вдишале чад“, изјави портпаролот на министерството за здравство на Ирак, Саиф ал-Бадр.

    Властите велат дека според првичните информации, причината за пожарот е огнометот кој бил испукуван од подот на салата каде што се одржувала свадбата, при што прво се запалил лустер. Снимките на социјалните мрежи ги покажуваат младоженците на подиумот кога почнал пожарот.

    Очевидците кажаа дека на прославата имало стотици луѓе, меѓу нив и деца.

    Додека невестата и младоженецот бавно танцуваа, огнометот почна да се качува до таванот и потоа целата сала ја зафати пламен. Не можевме убаво да гледаме, се задушувавме и не знаевме како да излеземе надвор“, изјави 17-годишната Ранија Вад, која била гостинка на свадбата.

    Властите кажаа дека во салата имало префабрикувани панели кои биле многу запаливи и не ги задоволувале безбедносните стандарди.

    Поради пожарот падна дел од таванот, кој бил направен од запалив и евтин градежен материјал“, соопштија од одделот за цивилна заштита.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира