ОГНОТ УНИШТИ НАЈМАЛКУ 150 КУЌИ НА ОСТРОВОТ ЕВИЈА, ГРЦИЈА СЕ БОРИ СО НАД 100 ПОЖАРИ СРЕДЕ НАЈГОЛЕМИОТ ЖЕЖОК БРАН ОД 1987

    ОГНОТ УНИШТИ НАЈМАЛКУ 150 КУЌИ НА ОСТРОВОТ ЕВИЈА, ГРЦИЈА СЕ БОРИ СО НАД 100 ПОЖАРИ СРЕДЕ НАЈГОЛЕМИОТ ЖЕЖОК БРАН ОД 1987Десетици жители и туристи синоќа биле евакуирани со бродови од плажа во Евија

    Најмалку 150 куќи се уништени во пожарот што окружи манастир и десетина села на грчкиот остров Евија, додека земјата се бори со повеќе од 100 пожари среде најголемиот жежок бран од 1987 година.

    Пожарникарите продолжуваат да се борат со огнот и во околината на Атина, додека градоначалникот на Олимпија побара помош бидејќи пожар му се заканува на родното место на Олимписките игри.

    „Водиме битка со титаните! Најтешкото допрва доаѓа“, изјави заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас.

    Десетици жители и туристи синоќа беа евакуирани со бродови од плажа во Евија, откако биле принудени да избегаат кон морето пред налетот на огнот. Во исто време, тројца монаси одбиваат да го напуштат манастирот „Свети Давид“, додека сите жители од околните села се веќе евакуирани.

    „Се гушиме од чадот. Огнот што го окружи манастирот е висок 30-40 метри“, изјави еден од монасите за грчката новинска агенција АНА.

    Стотина пожарникари, помогнати од седум хеликоптери и авиони, учествуваат во гаснењето. Според Хардалијас, Грција се бореше со вкупно 118 пожари во изминатите 24 часа како последица на екстремните температури.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира