Огромна експлозија во либанскиот главен град Бејрут предизвика голема штета и повреди многу луѓе, велат властите. Според извештаите, експлозијата се случи попладнево во градското пристаниште, а засега не е јасно што е причината.
На неколку видеа објавени на социјалните мрежи се гледа огромна печурка од експлозијата и уништени згради. Експлозијата се случува во чувствителен период за Либан, бидејќи неделава треба да биде објавена пресудата за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири.
Explosion in #Beirut #Lebanon – view from Annahar building. Praying for everyone’s safety 🙏🏼😓 pic.twitter.com/Zf6fXaahUq
— Fady Roumieh (@FadyRoumieh) August 4, 2020