ОГРОМНА ЕКСПЛОЗИЈА ГО СТРЕСЕ БЕЈРУТ

    ОГРОМНА ЕКСПЛОЗИЈА ГО СТРЕСЕ БЕЈРУТЗасега не е јасно што е причината за експлозијата. (Фото: принтскрин/Твитер)

    Огромна експлозија во либанскиот главен град Бејрут предизвика голема штета и повреди многу луѓе, велат властите. Според извештаите, експлозијата се случи попладнево во градското пристаниште, а засега не е јасно што е причината.

    На неколку видеа објавени на социјалните мрежи се гледа огромна печурка од експлозијата и уништени згради. Експлозијата се случува во чувствителен период за Либан, бидејќи неделава треба да биде објавена пресудата за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира