ОМИКРОН ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СТАНА ДОМИНАНТНИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО САД

    ОМИКРОН ЗА ЕДНА НЕДЕЛА СТАНА ДОМИНАНТНИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО САДЏо Бајден ги повика Американците масовно да се вакцинираат пред празниците (Фото: АП)

    Омикрон брзо стана доминантната варијанта на коронавирусот во САД и минатата недела на него отпаѓале 73% од новите случаи на зараза, објавија федералните здравствени власти. Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) кажа дека бројот на заразени со омикрон шесткратно се зголемил за само една недела.

    Во некои делови од земјата, стапката е уште поголема. Се проценува дека омикрон е одговорен за 90% нови случаи на зараза во областа на Њујорк, индустрискиот дел на Среден Запад и на Југоистокот и Пацифичкиот Северозапад. Националната стапка сугерира дека минатата недела имало повеќе од 650.000 случаи на зараза со новиот сој.

    Од крајот на јуни, делта беше најраширениот сој во САД и кон крајот на ноември, 99,5% нови случаи на коронавирус биле предизвикани од него. Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, вели дека новите бројки го рефлектираат она што се случува и во другите земји.

    „Бројките се остри, но не се изненадување“ изјави Валенски.

    Научниците од Јужна Африка првпат алармираа за новиот сој пред помалку од еден месец, а Светската здравствена организација го означи како загрижувачки на 26 ноември. Омикрон во меѓувреме е детектиран во повеќе од 90 држави.

    Сè уште недоволно се знае за овој сој, вклучувајќи дали предизвикува посериозна или поблага болест. Велика Британија вчера објави дека се регистрирани 12 смртни случаи од омикрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира