ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА, ДОДИК ВЕЛИ ДЕКА ТОА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО РАСПАД НА БИХ

    ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА, ДОДИК ВЕЛИ ДЕКА ТОА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО РАСПАД НА БИХРезолуцијата е предложена од Германија и Руанда и спонзорирана од уште 34 држави, меѓу кои е и Македонија (Фото: АП)

    Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе гласа за воспоставување ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995, извршен од силите на босанските Срби, на што жестоко се спротивставија Србите, сметајќи дека на тој начин ќе бидат означени како поддржувачи на масовното убиство.

    Резолуцијата е предложена од Германија и Руанда и спонзорирана од уште 34 држави, меѓу кои е и Македонија. Иако Србија не е означена како виновник, тоа не го запре силното лобирање против резолуцијата од страна на лидерот на Република Српска, Милорад Додик и српскиот претседател Александар Вучиќ.

    Резолуцијата, за која ќе се гласа попладнево по средноевропско време, предлага 11 јули да се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, во кој се убиени 8.000 муслимански мажи, кој би почнал да се одбележува за неполни два месеца.

    На овој ден во 1995, српските сили влегоа во Сребреница, која беше под посебна заштита на ОН и издвоија најмалку 8.000 муслимански мажи и момчиња, кои потоа беа убиени. И Србија и Република Српска негираат дека во Сребреница се случил геноцид, иако така беше утврдено од два суда на ОН.

    Додик кажа дека резолуцијата се носи под притисок на државите кои ги поддржуваат Бошњаците и дека би можела да доведе до распад на БиХ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира