ОН ПОБАРАА ДА СЕ ФОРМИРА ДЕМИЛИТАРИЗИРАНА ЗОНА ОКОЛУ НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ КАТАСТРОФА

    ОН ПОБАРАА ДА СЕ ФОРМИРА ДЕМИЛИТАРИЗИРАНА ЗОНА ОКОЛУ НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ КАТАСТРОФАРуските сили ја зазедоа централата во март, но со неа и натаму оперираат украински техничари (Фото: Гети)

    Русија и Украина продолжија меѓусебно да се обвинуваат за гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа, додека Обединетите нации предупредуваат на можна катастрофа. Тие повикаа да се формира демилитаризирана зона околу Запорожје, а Украина побара повлекување на руските сили.

    Украинската агенција „Енергоатом“ соопшти дека комплексот Запорожје бил погоден пет пати вчера, додека проруските власти во регионот кажаа дека украинските сили двапати ја гранатирале нуклеарката.

    „Објектот не смее да се користи за каква било воена операција. Место тоа, итно мора да се постигне договор за воспоставување безбедносен периметар за да се осигура областа“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес.

    Руските сили ја зазедоа централата во март, но со неа и натаму оперираат украински техничари. Тие изјавија за Би-Би-Си дека руските војници ги држат на нишат, а нуклеарката ја користат како воена база.

    Рускиот амбасадор во ОН, Васили Небензија, изјави дека светот се наоѓа на раб на нуклеарна катастрофа налик на Чернобил и додаде дека претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија можат да ја посетат централата уште овој месец.

    „Поради гранатирањето, невозможно е да се прават смени на персоналот и тој работи прекувремено. Но, ситуацијата моментално е под контрола“, кажаа од „Енергоатом“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира