ОПАСНОСТА ОД НУКЛЕАРНА ВОЈНА Е РЕАЛНА, РУСИЈА Е ВО СВОЕВИДНА ВОЈНА СО НАТО, ВЕЛИ ЛАВРОВ

    ОПАСНОСТА ОД НУКЛЕАРНА ВОЈНА Е РЕАЛНА, РУСИЈА Е ВО СВОЕВИДНА ВОЈНА СО НАТО, ВЕЛИ ЛАВРОВРусија го обвини западот дека ја продолжува војната зашто ја снабдува Украина со оружје (Фото: АП)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина дека провоцира трета светска војна и предупреди дека заканата од нуклеарен конфликт не би требала да се потцени. Тој истовремено кажа дека НАТО е во своевидна војна со Русија зашто ја снабдува Украина со оружје.

    „Русија чини многу за да спречи нуклеарна војна по секоја цена. Тоа е нашата клучна позиција, но ризикот сега е значителен. Не би сакал вештачки да ги зголемувам тие ризици, што многумина би го сакале. Опасноста е сериозна и реална. И не смееме да ја потцениме“, изјави Лавров.

    Бранејќи ги акциите на Москва, Лавров го обвини Вашингтон за отсуство на дијалог.

    „САД практички ги прекинаа сите контакти зашто ние бевме обврзани да ги браниме Русите во Украина. Но, место да помогнат да се стави крај на војната, САД и нивните сојузници свесно ја продолжуваат така што ја снабдуваат Украина со софистицирани оружја, оклопни возила и напредни дронови. Тие оружја се и ќе бидат легитимна цел на руските воени акции. Руските сили повеќе од еднаш гаѓаа складишта со оружје во западна Украина. НАТО, во суштина, е вклучен во војна со Русија“, кажа Лавров.

    Русија вчера потврди дека нападнала шест железнички објекти во централна и западна Украина со цел да се блокира доставата на оружјето од западот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира