ОПОЗИЦИЈАТА ГИ ПРЕДАДЕ ДОКАЗИТЕ ЗА КРАЖБА НА ИЗБОРИТЕ ВО БЕЛГРАД И НАЈАВИ ШТРАЈК СО ГЛАД ДО НИВНО ПОНИШТУВАЊЕ

    ОПОЗИЦИЈАТА ГИ ПРЕДАДЕ ДОКАЗИТЕ ЗА КРАЖБА НА ИЗБОРИТЕ ВО БЕЛГРАД И НАЈАВИ ШТРАЈК СО ГЛАД ДО НИВНО ПОНИШТУВАЊЕОпозицискиот блок „Србија против насилството“ вечерва организира протест во Белград (Фото: Н1)

    Српските опозициски лидери Мирослав Алексиќ и Маринка Тепиќ објавија дека почнуваат штрајк со глад кој ќе трае до поништувањето на резултатите од вчерашните избори во Белград.

    Ние не сакаме и не смееме да ги признаеме изборите зашто се спротивни на законот. Злоупотребени се луѓе од други држави“, изјави Тепиќ.

    Опозицискиот блок „Србија против насилството“ вечерва организира протест во Белград, на кој бара поништување на изборите во главниот град, обвинувајќи ја власта дека победила со гласовите на 40.000 луѓе кои немаат постојано престојувалиште во Белград.

    Имаме десетици илјади докази и нема шанси некој да ги признае овие избори“, додаде Тепиќ.

    Протестот почна пред парламентот, по што продолжи кај зградата на Републичката изборна комисија, каде што имало обид да се тргне заштитната ограда. Претставници на „Србија против насилството“ притоа ги предадоа доказите за нерегуларности на изборите.

    Кандидатот на коалицијата за градоначалник Владимир Обрадовиќ изјави дека се ограбени на изборите.

    Имаме неколку кутии со докази. Имаме цврсти докази дека на изборите се случи кражба. За тоа има забелешки и од меѓународните набљудувачи“, кажа Обрадовиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира