ОПОЗИЦИСКАТА ЛИДЕРКА АНДЕРСОН КАЖА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА ПО ПОБЕДАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО ШВЕДСКА

    ОПОЗИЦИСКАТА ЛИДЕРКА АНДЕРСОН КАЖА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА ПО ПОБЕДАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО ШВЕДСКАОпозицијата од левиот центар на чело со Андерсон го победи владејачкиот десничарски блок со минимална разлика (Фото: АП)

    Лидерката на Социјалдемократите, Магдалена Андерсон, изјави дека не е во можност да формира влада во Шведска во сегашната ситуација, откако нејзиниот блок од левиот центар освои тесно мнозинство на изборите овој месец.

    Нејзината одлука уследи откако партијата Левица објави дека за претседател на парламентот ќе поддржи кандидат од Партијата на умерените, што, според Андерсон, го поткопало нејзиниот обид да формира влада.

    „Секако, ја сфаќам сериозно пораката на Левицата и врз основа на тоа и разговорите што ги имав, можам да заклучам дека во моментов нема можност да формирам влада“, изјави Андерсон.

    Опозицијата од левиот центар го победи владејачкиот десничарски блок со минимална разлика, освојувајќи само три пратенички места повеќе.

    Спикерот на парламентот сега треба да одлучи кому ќе му ја довери задачата за формирање влада, што би можел да биде и досегашниот премиер Улф Кристерсон. Тој во владата беше поддржан и од крајнодесничарската партија со неонацистички корени Шведски демократи, при што ѝ вети министерски места доколку остане на власт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира