ОПОЗИЦИСКИОТ ЛИДЕР ЕДУАРДО ГОНСАЛЕС ЈА НАПУШТИ ВЕНЕЦУЕЛА И ПОБАРА ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ ВО ШПАНИЈА

    ОПОЗИЦИСКИОТ ЛИДЕР ЕДУАРДО ГОНСАЛЕС ЈА НАПУШТИ ВЕНЕЦУЕЛА И ПОБАРА ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ ВО ШПАНИЈАЗа Гонсалес беше издаден налог за апсење откако опозицијата ги оспори резултатите од изборите во јули (Фото: Гети)

    Венецуелската влада кажа дека претседателскиот кандидат на опозицијата Едуардо Гонсалес ја напуштил земјата и побарал политички азил во Шпанија. Гонсалес се криеше и за него беше издаден налог за апсење откако опозицијата ги оспори резултатите од изборите во јули, на кои Николас Мадуро беше прогласен за победник.

    Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригес, изјави дека откако пред неколку дена доброволно побарал засолниште во шпанската амбасада во Каракас, Гонсалес сега побарал од шпанската влада да добие политички азил. Таа додаде дека владата се согласила со безбедно заминување на Гонсалес и тој веќе ја напуштил земјата. Ова беше потврдено и од шпанското министерство за надворешни работи, кое кажа дека Гонсалес заминал со авион на шпанските воздушни сили.

    Паралелно со заминувањето на Гонсалес, венецуелските сили ја опколија амбасадата на Аргентина во Каракас, каде што се засолнија шестмина опозиционери, кои владата ги обвини дека таму планираат терористички дејства. Амбасадата, како и аргентинските интереси во Венецуела, се застапувани од Бразил откако Аргентина и Венецуела ги прекинаа дипломатските односи летово. Венецуелската влада вчера го отповика бразилското старателство врз амбасадата, во обид да ѝ ја укине дипломатската заштита.

    Венецуела е во политичка криза откако Мадуро беше прогласен за победник на изборите на 28 јули, додека опозицијата тврди дека има докази дека Гонсалес победил со голема разлика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира