ОРБАН ЌЕ ПАТУВА ВО МОСКВА НА РАЗГОВОРИ СО ПУТИН

    ОРБАН ЌЕ ПАТУВА ВО МОСКВА НА РАЗГОВОРИ СО ПУТИНОрбан важи за најголемиот сојузник на Путин во ЕУ (Фото: Гети)

    Виктор Орбан денеска патува за Москва на разговори со Владимир Путин, потврдија извори од унгарската влада, неколку дена откако тој го посети Киев за првпат од почетокот на војната. Два извора кажаа за „Гардијан“ дека патувањето е дел од пакетот со посетата на Украина, откако Унгарија го презеде шестмесечното претседавање со Европска Унија.

    И висок функционер од ЕУ ја потврди посетата, која веројатно ќе го разлути Брисел.

    Досега нема официјална потврда од Будимпешта и Москва, но се очекува Орбан потоа да присуствува на самит во Азербејџан.

    Ротирачкото претседателство на ЕУ нема мандат да се ангажира со Русија во име на ЕУ. Европскиот совет е јасен: Русија е агресор, Украина е жртва. Ниту една дискусија за Украина не може да има без Украина“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

    Орбан, кој важи за најголемиот сојузник на Путин во ЕУ, се обидува да се претстави како мировен политичар, иако досега ниеднаш не ја осудил руската инвазија и често ја задржуваше европската помош за Украина.

    Тимот на Орбан ја планирал посетата на Москва уште пред средбата со Володимир Зеленски. Тој се обидува да посредува помеѓу Русија и Украина и по разговорите со Зеленски, оваа средба има смисла“, изјави извор од унгарската влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира