ОРБАН МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БАЈДЕН ОТКАКО МУ ПРОПАДНА „ПЛАН А“ СО ТРАМП

    ОРБАН МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БАЈДЕН ОТКАКО МУ ПРОПАДНА „ПЛАН А“ СО ТРАМПТрамп го нагости Орбан во Белата куќа во мај 2019 (Фото: Ројтерс)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на Џо Бајден за победата на претседателските избори, исход што би можел да ги искомплицира односите на Вашингтон со оваа земја. Орбан во минатото ги обвинуваше американските Демократи за „морален империјализам“ и во септември кажа дека Доналд Трамп е неговиот „план А“ на изборите и дека воопшто не ја планира победата на Бајден.

    Дозволете да ви честитам на усшешната претседателска кампања. Ви посакувам добро здравје и континуиран успех во исполнувањето на вашите должности“, изјави Орбан, кого го очекуваат избори во 2022 година.

    Орбан се сретна со Трамп во Белата куќа во мај минатата година и јавно истакнуваше дека е убеден во неговиот повторен избор.

    Победата на Трамп е мојот ‘план А‘“, кажа тој.

    Бајден го обвинуваше Трамп дека поддржува авторитарни лидери низ светот, во што ги вклучуваше и Унгарија, Полска и Белорусија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира